„Од прва рака сведочиме на создавањето услови за искоренување на Палестинците од Газа“, соопшти непрофитната организација. Израел од 2 март го блокира влегувањето на хуманитарната помош во енклавата, откако пропаднаа преговорите за продолжување на примирјето постигнато на 19 јануари, пишува Франс прес.
Блокадата предизвика недостиг од храна и лекови што ја влоши и до сега исклучително тешката ситуација во Газа. Израел ги отфрла предупредувањата од Обединетите нации за гладот на Палестинците. Лекари без граници (МСФ) соопштија дека нивните медицински тимови во Газа во последните две недели „забележале зголемување од 32 отсто на пациентите со симптоми на неухранетост“.
„Намалувањето на залихите на гориво ја ограничува способноста за десалинизација и дистрибуција на вода“, се предупредува. „Здравствените установи кои сè уште функционираат, и онака недоволно по број и по капацитетите, и понатаму се мети на напади, а се борат и со недостиг од лекови и други основни производи“, соопшти организацијата со седиште во Женева.
МСФ предупредува дека неговите „тимови во Газа единаесет недели не добиле никакви залихи, па се соочени со недостиг од основни медицински производи како стерилни гази и ракавици“.
Лекари без граници го отфрлаат предлогот на Соединетите Американски Држави и Израел да се формира нова организација за управување со дистрибуцијата на помошта во Газа. МСФ тоа го смета за маргинализирање на ОН и постоечките хуманитарни организации и предавање на контролата на Израел.