среда, 1 април 2026

Ле Пен се надева на победа, Макрон ја запостави кампањата поради Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ле Пен неделава кажа дека постои надеж дури и да победи на претседателските избори бидејќи во анкетите му се приближува на Макрон, пренесува Франс прес.

Кандидатката на екстремно десничарската партија Национален фронт Марин ле Пен изјави дека мирно ги чека резултатите од првиот круг на претседателските избори закажани за 10 април.

Додаде дека во вториот круг, закажан за 24 април, ќе се обиде да ги обедини „сите патриоти“ против „длабоко отровната“ политика на сегашниот претседател.

Според последните анкети, Макрон и Ле Пен би влегле во вториот круг на изборите.

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголеми својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради сè помалата популарност на кандидатот исто така од екстремната десница Ерик Земур.

Додека Земур ги повторуваше антиемиграциските и антиисламските теми, Ле Пен се фокусираше на стандардот ветувајќи итни мерки како укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на одредени производи.

Меѓутоа, парискиот левичарски весник Либерасион не е убеден во растечката популарност на Ле Пен, наведувајќи во неодамнешен напис дека „таа е тука, поопасна од кога било“.

Истражувачката новинарка Сесил Алдуи оцени дека Марин ле Пен не ја променила суштински својата политика за националниот идентитет и емиграцијата, туку само избрала поинаков речник за тоа да го оправда.

„Таа токму во име на секуларизмот, републиканските вредности па дури и феминизмот, го напаѓа исламот и сака драстично да ја ограничи неевропската емиграција“, смета Алдуи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ