среда, 1 април 2026

Ле Пен: Ќе се залагам за соработка со Русија по војната, за да не се здружи со Кина

Објавено на

часот

Сподели

Ле Пен, која во недела ќе се бори за претседателската функција во вториот круг на изборите со актуелниот шеф на државата Емануел Макрон, кажа за француското радио дека таа е на страната на Украина во оваа војна, бидејќи го поддржува националниот суверенитет.

Таа, меѓутоа, важи за поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и примаше пари за партијата од руски банки.

„Би било неопходно, дипломатски, кога ќе заврши војната во Украина, кога ќе се потпише мировен договор, да се избегне влошување на односите“, истакна Ле Пен.

„Замислете да го оставиме првиот произведувач на суровини во светот – Русија, да креира алијанса со првата фабрика во светот – Кина, и заедно да ја направат главната воена сила во светот. Верувам дека тоа е потенцијално голема опасност“, укажа Ле Пен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ