Тој додаде дека одлуката е таква „засега“, што сугерира дека таа може да се смени.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска изјави дека нема намера да го обновува царството, еден ден откако ги призна проруските сепаратисти во источна Украина и рече дека Украина никогаш немала традиција на вистинска државност и дека е творба на болшевиците.
„Очекувавме дека ќе има шпекулации дека Русија се подготвува да го обнови царството“, рече Путин за време на средбата во Кремљ со азербејџанскиот колега Илхам Алиев, нагласувајќи дека тоа во никој случај не е точно.
Путин рече дека по распадот на СССР, Русија „ги сфати новите реалности и активно работеше на зајакнување“ на соработката со другите поранешни советски републики како Азербејџан и Казахстан.
Според него, Украина е во „поинаква ситуација“ бидејќи „територијата на таа земја ја користат трети земји со цел да се креираат закани против Русија“.
Путин рече и дека Русија ќе продолжи без прекин да ги снабдува светските пазари на природен гас.
Уредната испорака на гас во вторникот ја потврди и рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов на конференцијата со извозниците на гас во Доха.
„Сакаме балансирани глобални пазари на гас“, рече Шулгинов.






