петок, 12 декември 2025

Лавров за средбата со британската министерка за надворешни работи: Како разговор на нем со глув (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Искрено, разочаран сум што испадна разговор на нем со глув. Се чини дека слушаме, но не слушаме ништо. Нашите детални објаснувања паднаа на неподготвен терен. Слично како што велат дека Русија чека земјата да замрзне и да стане како камен, за тенковите лесно да можат да преминат на украинска територија. Ми се чини дека и нашите британски колеги денеска имаа такво тло, од кое отскокнаа сите факти што им ги презентиравме“, рече рускиот министер.

За Москва, загриженоста на Западот за воените вежби и движењето на руските сили на сопствена територија е нејасна.

„Не сакаме никому да му се закануваме, погледнете ги изјавите, никаде немаше ниту една закана. Нам ни се закануваат“, потсети Лавров.

Британската министерка, од своја страна, посочи дека Русија има избор или да соработува со НАТО или да продолжи да го зголемува бројот на своите војници на границата со Украина.

„Верувам дека Русија има јасен избор – Русија може да оди по дипломатски пат, да соработува со НАТО и да обезбеди европска безбедност или да продолжи по патот што ние го гледаме, а тоа е зголемување на бројот на силите на границата со Украина, што претставува закана“, изјави Трас.

Лавров возврати, велејќи дека „сиве овие години се држевме до дипломатија и ќе продолжиме да го правиме тоа“. Според него, „Русија е измамувана и ѝ е вршена неправда, многу години, многу пати, кога станува збор за договори и обврски од други држави“.

Трас повтори дека Северен тек 2, гасоводот што ја поврзува Русија со Германија, нема да биде пуштен во употреба во случај на „инвазија“ на Русија на Украина.

Трас изјави дека руски напад врз Украина ќе има „огромни последици, со сериозна цена“ и побара од Москва да се однесува во согласност со меѓународните договори, кои ја обврзуваат да ги почитува независноста и суверенитетот на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ