„Животот низ вековите докажа дека за секоја акција постои реакција“, изјави Лавров за време на пленарната сесија на министерскиот состанок на Форумот за партнерство Русија-Африка, пренесува Известија.
Тој нагласи дека Русија претпочита да се фокусира на координирање на работните и ефикасни механизми што ќе помогнат во обезбедувањето на трговските и економските врски и ќе ги направат независни од оние што „ги кршат сите принципи на меѓународното право“ и „прибегнуваат кон уцени и притисоци“.
Еден ден претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, објави дека учесниците на самитот на Европската Унија (ЕУ) одлучиле да ги продолжат санкциите против Русија за шест месеци.
Според него, на самитот на ЕУ било одлучено да се наложи на Европската комисија (ЕК) да продолжи со работата на „кредит за репарација“ за Киев со користење на замрзнати руски средства.






