Борел претходно се заложи за запленување на замрзнатите руски златни и девизни резерви и нивно употребување за обновување на Украина по војната.
„Европската Унија повеќе нема своја надворешна политика, таа е целосно солидарна со политиката на Соединетите Американски Држави“, истакна рускиот министер за надворешни работи.
Тој забележа дека на Западот таквите постапки веќе му стануваат навика. Лавров како пример ја наведе ситуацијата со замрзнувањето на авганистанските средства, кои САД сакаат да ги искористат не за потребите на народот на Авганистан, туку по своја проценка.
Заменикот на Лавров Александар Грушко предлогот на Борел го нарече незаконски, истакнувајќи дека таквиот потег би влијаел на целиот светски финансиски систем и дека скапо би ги чинел самите Европејци.
Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, станува збор за околу 300 милијарди долари, и златни и девизни резерви. Русија презема контрамерки и им забрани на странските инвеститори да ги повлечат парите од нејзиниот финансиски систем. Според некои проценки, станува збор за над 500 милијарди евра.






