четврток, 18 декември 2025

Лавров: Странскиот капитал нема да ги спаси украинските воени фабрики

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги негираше тврдењата дека руските сили нападнале цивилна фабрика во Украина во интервју за американската Ен-би-си њуз, нагласувајќи дека Москва исклучиво гаѓа само воени објекти и компании што произведуваат оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров нагласи дека руската разузнавачка служба има сигурни информации за воената намена на таквите објекти. Присуството на странски капитал во овие фабрики, додаде тој, не може да биде причина да им се гарантира имунитет.

„Дали мислите дека ако има американски капитал во некое претпријатие, а тој се користи за производство на оружје со кое се убиваат Руси, дали мислите дека – без разлика дали е американски, унгарски или капитал на некој друг – им дава имунитет на оние што произведуваат оружје за да нè убиваат? Не мислам така. Не мислам дека е фер. Тоа е, би рекол, еден вид империјализам“, рече Лавров, според Спутник.

Одговарајќи на прашање за можни напади на руските сили врз цивилни објекти во Украина, Лавров побара да му се обезбедат докази за ваквите тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ