понеделник, 30 март 2026

Лавров: Русија сака листа на оружја што никогаш нема да смее да стигнат на украинска територија

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да бидат идентификувани одредени типови офанзивно оружје што никогаш нема да бидат испратени во Украина и никогаш нема да бидат создадени во неа“, рече Лавров во интервју за Ал џезира, кое беше објавено во текстуална форма на веб-страницата на неговото министерство.

Лавров рече дека Русија го признала Володимир Зеленски како украински лидер и го поздрави како „позитивен чекор“ фактот што Зеленски сака безбедносни гаранции.

„Нашите преговарачи се подготвени во вториот круг да разговараат за овие гаранции со украинските претставници“, рече тој.

Во интервјуто во вторникот, Зеленски рече дека Русија треба да престане да ја бомбардира Украина пред да продолжат понатамошните разговори.

Тој повика на безбедносни гаранции, но од НАТО, не од Русија, вели Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ