Тој рече дека Русија ќе ги преживее санкциите и дека тие само ќе ја направат посилна, пренесува Ројтерс.
Тој тврди дека има голем број земји што „не сакаат да ги прифаќаат наредбите од Вујко Сем“.
Лавров рече дека Русија не му ја затвора вратата на Западот. „Тие ја затвораат вратата“, рече тој, според Ројтерс.
„Кога ќе се вразумат и кога оваа врата повторно ќе се отвори, ние ќе ја разгледаме предложената соработка имајќи на ум една многу важна работа – дека со нив ќе соработуваме знаејќи многу добро дека не можеме да бидеме сигурни дека се сигурни, дека се кредибилни како долгорочни партнери“, рече Лавров.
Лавров посочи дека Москва сѐ уште е отворена за соработка со секој што ќе го направи тоа на основа на меѓусебно почитување, особено со земјите од истокот. „Ние ќе бидеме, како и секогаш, отворени за соработка со секој што е подготвен да го стори тоа на еднаква основа, врз основа на заемно почитување и барање рамнотежа на интересите. Земјите на истокот од Русија се многу поспремни да дејствуваат на оваа основа и ние секако ќе возвратиме во корист и на нас и на нашите партнери“, рече највисокиот руски дипломат.
Тој рече дека целта е да се отстрани секоја закана за Русија од украинската територија.






