вторник, 13 мај 2025

Лавров: Русија е подготвена да постигне договор за прекин на војната во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека Русија е „подготвена“ да постигне договор за прекин на војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп „зборува за договор и ние сме подготвени да го постигнеме, но некои специфични елементи сè уште треба да се разработат“, рече Лавров во интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес.

Лавров додаде дека постојат неколку знаци кои покажуваат дека се движат во вистинска насока.

Преговорите за завршување на војната во Украина наидуваат на пречки како што е решавањето на прашањето за статусот на црноморскиот полуостров Крим.

На прашањето за новиот бран напади врз Украина, во кои загинаа најмалку 12 лица во Киев, а десетици се повредени, Лавров одговори дека Русија таргетира „само воени цели или цивилни локации што ги користи војската“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ