Во разговорот кој беше пренесуван на телевизија Путин го праша Лавров дали постојат изгледи за постигнување договор за да се решат безбедносните проблеми на Русија или само се вовлекува во мачни преговори. Шефот на руската дипломатија одговори: „Веќе повеќе пати предупредувавме дека нема да се впуштиме во бескрајни преговори за прашања кои треба да се решат денес. Но, морам да кажам дека секогаш постојат изгледи“.
„Ми се чини дека нашите можности не се исцрпени. Во оваа фаза предлагам да продолжиме и да ги надградиме“, додаде Лавров. Коментарите сигнализираат намалена веројатно од непосредна руска воена акција по паничните предупредувања од Соединетите Американски Држави дека Русија би можела да ја нападне Украина „во секој момент“.
Лавров истакна дека добил „незадоволувачки одговори“ на писмото кое го испрати до членките на Европската Унија и НАТО за прашањето на „неделивата безбедност“ – повикувајќи се на приговорот на Русија дека Украина и западните земји ја јакнат својата безбедност на сметка на Русија и дека тоа е во спротивност на меѓународните договори.
„Добив незадоволувачки одговори, никој од колегите министри не одговори на мојата директна порака. Затоа ќе продолжиме да бараме конкретна реакција од секоја земја“, кажа Лавров.
[video:https://youtu.be/zCs7xZIJwOs autoplay:0]





