А тоа е, како што објасни шефот на руската дипломатија, дека сè е дозволено ако си русофоб, „ако послушно ги извршуваш задачите за да ја изнервираш Русија“.
„Ако си русофоб – ако за цел си поставите искоренување на „кацапите“ и „Московјаните“ (цитат од изјави на украински политичари), ако, како претседателот Володимир Зеленски, кажете дека секој кој се смета за Русин треба да замине од Украина (поради својата иднина и деца), ако послушно ги извршувате поставените задачи за да ја изнервирате Русија, да се обидете да ја провоцирате, тогаш сè ви е дозволено“, кажа Лавров.
Според него, тажната вест е како „Западот хистерично, невидено реагира на руската воена операција, удоволувајќи на сè што е антируско“.
„Редовно читам како се постапува со Русите и државјаните на други земји кои се со руско потекло. Сега и на социјалните мрежи може да се бара тие луѓе да застанат на страната на Западот. Сето ова докажува едно нешто: антирускиот проект на Западот пропадна“, заклучи Лавров.






