Лавров за рускиот Прв канал оцени дека не е јасно каков придонес даваат на Алијансата Црна Гора и Македонија, имајќи ги предвид нивните воени и воено-технички ресурси.
„Ете, за тоа станува збор. Тие немаат просто право да „покануваат кого сакаат“. Мора да погледнат во која мета тоа придонесува на безбедноста на самата Алијанса. Тие примија земји со чии народи имаме добри односи – Црна Гора, Македонија“, порача Лавров.
Тој истакна дека НАТО по завршувањето на Студената војна всушност престанал да биде одбранбен сојуз.
„Тешко дека може да се нарече одбранбен. Не смее да се заборави дека тие речиси три месеци ја бомбардираа Југославија, извршија инвазија во Либија, кршејќи ја резолуцијата на Советот за безбедност, како ни тоа како се однесуваа во Авганистан“, истакна шефот на руската дипломатија.






