недела, 15 март 2026

Лавров: НАТО ја премина границата

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров кажа дека со разместувањето трупи НАТО „ја прави истата работа за која ја обвинува Русија“. „Сериозно сме загрижени поради големите размери на од ништо предизвиканото и неоправданото трупање војска во и околу Украина и Белорусија“, истакна Лавров.

„Што мислите за тоа? Знаете, тоа чувство на лична супериорност и лична непогрешливост, според мене, веќе ја премина границата и за жал колегите од НАТО едноставно не можат да ја видат таа граница“, порача Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека „ситуацијата ескалира“ во регионот Донбас и се осврна на „огромниот ударен потенцијал на украинските сили“.

Песков кажа дека Путин сè уште не одговорил на руската Дума на барањето за признавање на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, двата отцепени региони во источна Украина. Думата во вторникот побара од Путин да ги признае како независни.

Песков го обвини НАТО дека спроведува „нескриена информациска агресија против Русија“. Кажа дека руското министерство за надворешни работи го подготвува својот одговор на Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ