среда, 1 април 2026

Лавров: Инвазијата на Украина треба да стави крај на „доминацијата“ на САД

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на безобѕирното ширење и непромислениот пат кон тотална доминација на Соединетите Држави и останатите западни земји кои се под нив на меѓународната сцена“, рече Лавров во интервју за државната телевизија Русија 24 емитувано во понеделникот, пренесе Москва тајмс.

Лавров изјави дека „таквата доминација се гради со грубо кршење на меѓународното право“.

„Во Косово без референдум може да се признае независноста, но на Крим, како резултат на референдум, кој го набљудуваа стотици објективни претставници на странски земји, јавноста на странски земји, тоа е невозможно. Во Ирак, десет илјади километри од САД, замислиле закана за нивната американска безбедност, го бомбардираа, не најдоа никаква закана, а не ни се извинија“, рече Лавров, пренесе Тасс.

„И кога неонацистите и ултрарадикалите се на нашите граници, се создаваат десетици биолошки лаборатории по моделот на Пентагон, спроведуваат некакви експерименти кои првенствено се насочени кон создавање биолошко оружје – пронајдени се документи кои не оставаат сомнеж во тоа – тогаш не ни е дозволено да одговориме на оваа закана која е на нашите граници, а не преку океанот“, продолжи тој.

Извештаите за руските воени злосторства врз цивили во Буча и Крематорск тој повторно ги нарече монтирани и провокација. Лавров исто така рече дека некои луѓе во расцепканиот Донбас „со години живеат под неонацисти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ