„Преку нашиот постојан претставник (во Обединетите нации) ќе организираме прес-конференција на која ќе ги претставиме документите за вистинската природа на настанот“, кажа Лавров.
Кремљ решително ги отфрла сите обвинувања во врска со тврдењата на Киев за откритие на голем број убиени цивили во Буча, во близина на Киев, по повлекувањето на руските трупи.
Лавров снимките ги нарече лажни, осудувајќи ја „пропагандно-дезинформациската кампања“.
Русија од 24 февруари води воена операција во Украина.
Руска и украинска комисија со недели преговараат за да постигнат договор и да го сопрат конфликтот.
Лавров во понеделникот оцени дека украинската страна од минатата недела покажува „повеќе чувство за реалноста“, кажувајќи дека „сè уште постојат шанси за договор“.
Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рускиот лидер Владимир Путин го нарече „воен злосторник“, рускиот министер за надворешни работи го осуди односот на американските лидери, порачувајќи им да се сетат на војните во Ирак и Либија.






