понеделник, 30 март 2026

Лавров и Кулеба ќе разговараат в четврток во Анталија

Објавено на

часот

Сподели

Турција ќе биде домаќин на состанокот в четврток во јужната провинција Анталија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Турција во понеделникот најави тристрана средба со Украина и Русија, која ќе се одржи на Форумот за дипломатија во Анталија подоцна неделава.

„Овој состанок во тристран формат ќе го одржиме в четврток на 10 март во Анталија“, рече Мевлут Чавушоглу.

Изразувајќи надеж дека средбата „ќе биде пресвртница“ и „важен чекор“ кон мирот и стабилноста, турскиот министер за надворешни работи рече дека Анкара „ќе продолжи да прави напори за траен мир“.

Форумот за дипломатија во Анталија ќе се одржи од 11 до 13 март во јужниот туристички град Анталија во Турција.

Војната на Русија против Украина наиде на незадоволство од меѓународната заедница, при што Европската Унија, Велика Британија и САД, меѓу другите, воведоа низа економски санкции за Москва.

Најмалку 364 цивили се убиени и уште 759 се повредени во Украина откако Русија почна војна против оваа источноевропска земја на 24 февруари, според податоците на ОН, а се стравува дека реалниот биланс ќе биде поголем, вели Анадолу.

Повеќе од 1,5 милион луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји, според Агенцијата на ОН за бегалци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ