сабота, 31 јануари 2026

Лајчак и Ескобар следната недела во Приштина и Белград за обнова на дијалогот

Објавено на

часот

Сподели

Борел тоа го кажа по состанокот на Советот за стабилизација и придружување ЕУ-Србија и истакна дека ја „поздравува спремноста на Србија да се ангажира во дијалогот“, додека предупреди дека власта во Приштина „во овој момент покажува значителна воздржаност да седне на преговарачката маса“.

Високиот претставник на ЕУ на заедничка конференција за медиумите со премиерката на Србија Ана Брнабиќ и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји додаде дека „јасно ќе му даде до знаење на Косово дека дијалогот е пресуден за напредокот на европскиот пат“.

„Ние заедно со специјалниот претставник на ЕУ Лајчак ќе продолжиме да ја подготвуваме новата рунда на дијалогот во Брисел, но тоа ќе се случи само ако двете страни се спремни да се добијат поволни резултати и опипливи остварувања“, наведе Борел.

Истакна дека „во таа цел јас и господинот Лајчак ќе продолжиме да работиме со двете страни, а особено со Косово кое во овој момент покажува значителна воздржаност да седне на преговарачката маса“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ