петок, 10 април 2026

Кувајт: Нашите витални објекти нападнати од дронови. Револуционерна гарда: Не сме ние

Кувајт ги осуди нападите со дронови врз виталните објекти во земјата, кои ги припишува на Иран и неговите сојузници, додека Иран негира дека извршил напади врз земјите од Персискиот Залив за време на прекинот на огнот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи на Кувајт соопшти дека нападите ги смета за кршење на суверенитетот и воздушниот простор на земјата. Државната новинска агенција претходно објави дека беспилотните летала погодиле позиција на Националната гарда, предизвикувајќи значителна материјална штета, но немало повредени.

Иранската револуционерна гарда негираше за државните медиуми дека започнала какви било напади врз земјите од Заливот за време на прекинот на огнот, додавајќи дека секоја потенцијална воена акција ќе биде објавена од Иран преку официјални канали.

Кувајт соопшти дека нападите ги поткопале неодамнешните напори за прекин на огнот меѓу САД и Иран и рече дека го задржува правото да ги преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет и стабилност.

Земјите од Заливот од почетокот на конфликтот помеѓу Соединетите Американски Држави и Израел со Иран пријавуваат инциденти со ракети и дронови како и за зголемени безбедносни ризици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ