петок, 23 јануари 2026

Курти: Србите распоредија противвоздушни системи на границата со Косово

Косовскиот премиер Аљбин Курти тврди дека Србија распоредила противвоздушни системи во близина на административната линија со Косово, предупредувајќи дека истовремено во Рашка „се одвива паравоена реорганизација на (поранешниот потпретседател на Српска листа) Милан Радоичиќ“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги обвини властите на Србија дека сето тоа се прави „со нивни упатства и поддршка“.

Курти на Фејсбук напиша дека Радоичиќ на 10 ноември се сретнал со четириесетина српски политичари, од кои, според него, е побарана мобилизација за гласање за Српската напредна партија (СНС).

„Постоеше барање за мобилизација за гласање за партијата-држава во Србија, СНС, на изборите на 17 декември. Кај нив се условувани оние кои се на платен список, додека на останатите им е понудена работа на три и шест месеци“, тврди косовскиот премиер.

Кажа и дека по „терористичкиот напад“ на северот на Косово на 24 септември, Милан Радоичиќ „во рок од еден ден е пуштен да ги продолжи своите паравоени и терористички активности во служба на државната политика на Србија кон Косово“.

„Ни по меѓународниот притисок Србија сè уште не ги повлекла сите трупи и артилеријата од околината на територијата на Косово. Продолжува да ја загрозува безбедноста на Република Косово со истурени оперативни бази на Оружените сили на Србија долж границата. Србија дури распоредила противвоздушни системи во близина на границата со Косово“, напиша Курти.

Според него, „сè повеќе се забележува опасноста од Русија и Србија за регионалната безбедност, мирот и сигурноста“.

„Русија има цел да запали кризен оган во дворот на ЕУ, да го дефокусира НАТО, додека Србија ги исполнува своите територијални амбиции кон соседите според проектот „Српски свет“ на (српскиот претседател Александар) Вучиќ и (доскорешниот претседател на српската безбедносна агенција Александар) Вулин“, напиша Курти на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ