среда, 21 јануари 2026

Курти: Србија разбира дека Косово е држава подобро од кога било

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во Давос, Швајцарија, за Светскиот економски форум, изјави дека Србија разбира дека Косово е држава подобро од кога било, иако сè уште одбива да ја признае независноста на Косово, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во вчерашниот разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти предупреди дека Русија му се заканува на регионот преку Србија. „Од четири соседи, тројца нè признаваат. Само Србија не нè признава и не изгледа дека наскоро ќе го стори тоа. Иако мислам дека тие разбираат дека сме држава подобро од кога било. Реалноста многу се промени“, рече тој.

„Она што мора да се случи е нивниот сон за враќање да згасне. Истото важи и за Руското царство или она што сега е Руска Федерација. Руското царство не сака соседи, но тоа е невозможно“, нагласи тој. Зборувајќи за северно Косово, Курти рече дека пред пет или 10 години немало слобода ниту слободно да се оди ниту да се зборува на албански јазик во тој дел.

Тој верува дека треба да има поголема солидарност во рамките на европскиот континент и во самото НАТО, бидејќи, според него, „Русија сака да ги уништи и двете, а Кина сака да ја достигне моќта на Соединетите Американски Држави“. „Секој што му помага на нашиот сосед во неговите напори за дестабилизација, ни предизвикува проблеми и нам“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ