четврток, 11 декември 2025

Курти: Не се плашиме од ЗСО, претпазливи сме бидејќи не сакаме Република Српска на Косово

Објавено на

часот

Сподели

„Косово не се плаши, но Косово со одговорна влада е претпазливо. Им служиме на граѓаните и ги штитиме интересите на нашата земја. Интересот на нашата независна држава, нашата демократска и суверена република е територијалниот интегритет, тоа е државната функционалност, тоа се уставноста и законитоста“, кажа Курти коментирајќи ја изјавата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак.

Курти истакна дека „Приштина е спремна за дијалог, кој ќе заврши со меѓусебно признавање“.

„Ние ги дадовме своите предлози во Брисел и конструктивни сме за идни разговори за дијалогот, со принципот на реципроцитет како здрав принцип. Мора да се постигне договор, ние не се впуштаме во дијалог за дијалог. Договорот за целосна нормализација мора да се фокусира на меѓусебното признавање“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ