недела, 15 март 2026

Курти ја фалеше владата, опозицијата го напушти собранието на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Свечената седница Курти ја искористи за да зборува за достигнувањата на неговата влада.

„Благодарение на борбата против корупцијата и криминалот, Косово е прворангирано и се качи за 17 места во борбата против корупцијата. На меѓународен план ја продлабочивме соработката со нашите пријатели со јакнење на безбедноста на граѓаните. Остваривме рекорден број посети во странство и во земјата и го редифиниравме дијалогот во Брисел како две рамноправни и препознатливи држави. Ја променивме штетната пракса која беше во спротивност со законот и уставот. Нашата политика е добрососедска политика“, кажа Курти на негодување на опозициските пратеници, кои потоа ја напуштија седницата.

Курти кажа дека нема демократија без слободни и независни медиуми, додавајќи дека дезинформациите доаѓаат од странски служби.

„Како премиер разбирам дека луѓето сешто ќе зборуваат за мене, но јас ова ќе го бранам бидејќи борбата за слобода не беше само борба да бидеме ослободени, туку да живееме слободно. За да тргнеме напред потребно ни е практично размислување, а не само критичко. Мораме да најдеме консензус и единство кое не ја оневозможува критиката“, порача Курти.

Претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца кажа дека војната која ја водело Косово била чесна и дека ниеден суд на светот не може да ја смени или искриви таа вистина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ