понеделник, 30 март 2026

Курти е уплашен дека Путин ќе почне војна на Западниот Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Како причина за тоа наведе дека би придонело на мирот, стабилноста и безбедноста и наведе дека народот на Косово е загрижен дека рускиот претседател Путин ќе се обиде да предизвика војна на Балканот против западните демократии.

„Сакаме во ЕУ и НАТО. Ако бидеме примени, тоа би било подобро и за народот на Косово, за републиката и за целиот регион, и за европскиот континент воопшто“, кажа Курти и наведе дека земјите од ЕУ и НАТО треба да бидат повеќе посветени на отстранувањето на руското влијание од Балканот.

По повод руската инвазија на Украина, Курти за британски Скај њуз наведе дека Косово во минатото доживеало војна и дека народот на Косово покажува солидарност со украинскиот народ, а ја критикуваше Србија за која наведе дека останала единствената држава во Европа, покрај Белорусија, која не ѝ воведе санкции на Русија.

„Балканот не е имун на ефектите на ситуацијата во Украина бидејќи на Балканот имаме држава која не ѝ воведе санкции на Русија, која не се придружи на ЕУ во осудата на руската окупација, а тоа е Србија, нашиот сосед“, кажа Курти и додаде дека Србија и понатаму одбива да го признае Косово, додека од другата страна одржува цврсти врски со Русија.

Тој наведе дека голем дел од вооружувањето на Србија е од руски донации, додека повеќето големи руски компании имаат свои филијали во Србија.

„Поради тоа народот на Косово е загрижен дека деспотскиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да предизвика војна на Западниот Балкан за да го претвори во бојно поле со западните демократии“, кажа Курти.

Наведе и дека народот на Косово е решителен буден и дека не се плаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ