четврток, 25 декември 2025

Куче кое откри повеќе од 200 мини во Украина, доби орден (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На Патрон, двеиполгодишниот Џек Расел териер, наградата му беше врачена од претседателот на Украина Володимир Зеленски на церемонија во Киев.

Териерот, чие име на украински значи „муниција“, открива руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернихив и стана маскота на државната служба за итни случаи, пренесува Гардијан.

Тој стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.

Зеленски им ја врачи наградата на Патрон и на неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференцијата заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој во неделата беше во посета на Киев.

„Денес сакам да ги наградам украинските херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, прекрасниот мал ‘сапер’ (воен инженер) – Патрон – кој помага не само во неутрализирање на експлозивите, туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите каде што има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ