недела, 22 март 2026

Куба се подготвува за можна инвазија од САД: „Нашата војска е секогаш подготвена“

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на американската војска, но инсистира дека нејзината влада не сака да ги влоши односите со САД и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба во интервју емитувано денеска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата војска е секогаш подготвена“, изјави Карлос Фернандез де Косио за Ен-би-си. „Всушност, овие денови се подготвува за можност од воена агресија. Гледајќи што се случува во светот, би биле наивни ако не се подготвиме.“ „Но, се надеваме дека тоа нема да се случи. Не гледаме зошто тоа би се случило, како би можело да се оправда?“, праша министерот. Тој нагласи дека „Куба не сака конфликт со САД. Имаме потреба и право да се заштитиме. Но, подготвени сме да седнеме и да разговараме.“

Фернандез де Косио оцени дека нафтената блокада, која се случи откако Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, е последица на „агресивната политика на САД“ и не може да трае бесконечно.

„САД денес се закануваат со принудни мерки против земјите што би можеле да извезуваат гориво во Куба, поради што островот не го добива долго време. Ситуацијата е многу тешка, но ние правиме сè што можеме за да се справиме со неа“, рече тој, изразувајќи надеж дека Куба ќе најде начин да обезбеди гориво.

На прашањето за можноста за воведување повеќепартиски систем, кубанскиот министер го критикуваше политичкиот систем на САД, наведувајќи дека и таа земја има и ограничен број политички опции и дека ваквите прашања се исклучиво внатрешно прашање на Куба.

Трамп најави освојување на Куба

Вашингтон, кој се спротивставува на комунистичкиот режим на островот откако дојде на власт во 1959 година, го засили својот економски притисок во јануари со блокирање на сите испораки на јаглеводороди на островот, веднаш по соборувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро.

Во 1961 година, САД не успеаја да го соборат режимот на Фидел Кастро за време на операцијата во Заливот на свињите. Во понеделникот, Доналд Трамп изјави дека „верува“ дека „ќе има чест да ја освои Куба“, без понатамошно објаснување. Тој, исто така, зборуваше за „ослободување“ на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ