петок, 10 април 2026

Крвава ноќ во Шведска: Тинејџер повреди шест лица во вооружен напад

Во шведскиот град Гевле, околу 170 километри северно од Стокхолм, синоќа дојде до пукотница, во која беа повредени шест лица. Полицијата добила пријава за пукање во центарот на градот кратко пред 2 часот наутро. Неколку патроли веднаш пристигнале на местото на настанот и пронашле шест повредени млади лица на улицата.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сите биле однесени во болница, природата на нивните повреди сè уште не е позната. Меѓу жртвите е и тинејџер, објави полицијата. Четиринаесетгодишно момче е уапсено во Гевле под сомнение за обид за убиство синоќа, а ќе биде испрашано во текот на сабота. Нема информации за тоа како се поврзани сторителот и жртвите, но не станува збор за терористички напад, пишува шведскиот весник Експресен.

Пукањето се случило во прометна област на градот каде што има кафулиња, продавници и станбени згради. Тројца од повредените побарале засолниште во блискиот ресторан веднаш по пукањето. Полицијата затвори и опколи голема област во центарот на Гевле преку ноќ заради истрагата.

„Во моментов не можам да навлегувам во можни теории за тоа што се случило. Не се сомневаме дека е поврзано со тероризам. Распоредивме многу ресурси на местото на настанот, па затоа нашата проценка е дека нема опасност за јавноста“, изјави портпаролот на полицијата, Тобијас Ален-Свалбро.

Пукањето се случило во близина на барот „Олстуган Тулен“, каде што 28-годишниот Јоаким Викстром нарачувал пијалок во барот: „Не го слушнав пукањето бидејќи музиката беше гласна. Потоа од вревата сфатив дека нешто се случило. Видов човек кој беше застрелан во барот и неколку други како лежат надвор на тротоарот.“

Пукањата во кои и сторители и жртви се млади мажи, тинејџери, па дури и деца, стануваат сè почести во Шведска во последниве години. По правило, се работи за пресметки во рамките на организираниот криминал кои регрутираат деца за напади на конкурентски банди, што го отежнува идентификувањето на оние што ги нарачале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ