сабота, 20 декември 2025

Крвав напад во метро во Тајван: Три лица убиени, девет повредени (ВИДЕО)

Најмалку три лица се убиени, а девет се повредени во нападот што го потресе тајванскиот главен град Тајпеј синоќа. Напаѓачот, вооружен со нож и димни бомби, ширел паника на станици на метрото за време на најголемата гужва, а подоцна починал откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната станица на метрото во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг Таи, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, прво активирал димни бомби и молотови коктели. Маж кој се обидел да го запре бил удрен со тап предмет и подоцна починал во болница.

Напаѓачот потоа избегал низ подземен трговски центар до блиската станица Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. На патот, застанал до својот хотел за да земе оружје, а потоа се вратил на улицата пред станицата Џонгшан, каде што активирал уште димни бомби и напаѓал случајни минувачи со нож.

Од снимките на социјалните мрежи се гледа како луѓето трчаат во паника додека напаѓачот, облечен во црно, фрла димни бомби. Бегајќи од полицијата, напаѓачот влегол во блиската книжарница и продавница. Откако бил опколен од полицијата, тој паднал од зградата и починал кратко време подоцна во болница. Неговиот мотив останува непознат.

Премиерот Чо Јунг Таи нареди зголемена безбедност на станиците на метрото, железничките станици и аеродромите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ