сабота, 6 декември 2025

Кремљ: Виткоф ќе дојде во Москва на разговори за можен мировен план за Украина

Кремљ денес соопшти дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп Стив Виткоф и голем број други клучни американски претставници ќе дојдат во Москва следната недела на разговори за можен мировен план за Украина, објави денес Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи со новинарите во Ер Форс Уан додека леташе за Флорида за Денот на благодарноста, Трамп рече дека американските преговарачи напредуваат во разговорите со Русија и Украина и дека Москва се согласила на некои отстапки.

Рамковниот план на САД за завршување на војната, за кој првпат беше објавено минатата недела, предизвика нови загрижености дека администрацијата на Трамп можеби е подготвена да изврши притисок врз Украина да потпише мировен договор кој е силно поволен за Москва.

„Што се однесува до Виткоф, можам да кажам дека е постигнат прелиминарен договор дека тој ќе дојде во Москва следната недела“, изјави за руската државна телевизија Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин.

Ушаков рече дека, покрај Виткоф, „и голем број други претставници на администрацијата вклучени во украинските прашања ќе дојдат во Москва“.

Ушаков исто така рече дека протекувањето на телефонскиот разговор меѓу високи функционери на Кремљ и САД е обид за нарушување на разговорите за можен мировен договор за Украина.

Блумберг објави дека Виткоф, во телефонски разговор со Ушаков на 14 октомври, рекол дека треба да работат заедно на план за прекин на огнот во Украина и дека Путин треба да го покрене ова прашање во разговорот со Трамп.

Блумберг соопшти дека имал пристап до снимка од разговорот и објавил транскрипт од повикот.

На прашањето зошто е протечен повикот, Ушаков рече: „Веројатно за нарушување. Малку е веројатно дека тоа е направено за подобрување на односите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ