среда, 10 декември 2025

Кремљ: Украина ќе мора да преговара со Русија порано или подоцна

Москва, чии сили се обидуваат да ја преземат контролата над Покровск во источна Украина, ги обвини украинските претставници дека одбиваат да учествуваат во мировните преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Киев вели дека условите на Москва за завршување на војната се неприфатливи и се еднакви на барање Украина да се предаде.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им изјави на новинарите во четврток дека Русија останува отворена за политичко и дипломатско решение и сака мир.

Доколку тоа не е можно, Песков рече дека Русија ќе продолжи да се бори за да ја заштити сопствената безбедност во корист на идните генерации.

Песков рече дека „украинската страна треба да знае дека порано или подоцна ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција“. „Позицијата на режимот во Киев ќе се влошува од ден на ден“, додаде портпаролот на Кремљ.

Руската новинска агенција ТАСС во вторник цитираше функционер на Министерството за надворешни работи кој изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул.

Од средбата во најголемиот град во Турција на 23 јули, немало средба лице в лице меѓу двете земји.

На состанокот на крајот на јули, кој траеше само 40 минути, украинската страна предложи состанок во август меѓу нејзиниот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа Кремљ објави дека Путин е подготвен за таков состанок, но само ако тој биде во Москва, што Киев го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ