„Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Зеленски рече дека утре ќе отпатува за Турција за да се обиде да ги „оживее“ мировните преговори и да продолжи со размената на заробеници со Русија.
„Утре ќе одржам состаноци во Турција. Се подготвуваме за оживување на преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател не прецизираше со кои официјални лица планира да се сретне.






