“Подобро е да се преговара и тоа да се направи сега, отколку подоцна. Просторот за донесување одлуки за него (Зеленски) се намалува додека губи територии во офанзивата на руските сили”, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на редовната конференција за новинари.
Сепак, тој рече дека Москва официјално не добила детали за предлогот на Вашингтон.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера, по средбата во Киев со висок американски функционер, кој му го презентираше планот на Вашингтон за прекин на војната со Русија, изјави дека бара достоинствено мировно решение.
Лica запознаени со планот предложен од САД изјавија дека САД и Русија подготвиле план што бара големи отстапки од Киев, вклучително и исполнување на територијални и други барања што Кремљ постојано ги поставуваше од почетокот на инвазијата пред речиси четири години. Клучен украински преговарач денес изјави дека Украина нема да прифати каков било план што ги преминува нивните црвени линии.
„Не може да има одлуки надвор од рамките на нашиот суверенитет, безбедноста на нашиот народ или нашите црвени линии“, напиша на Фејсбук Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност на Украина.






