понеделник, 6 април 2026

Кремљ: Безбедноста на Турски тек е приоритет по инцидентот во Србија

Во моментов нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз гасоводот во Србија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Знаеме дека во моментов нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз европскиот дел од оваа витална енергетска артерија, која во моментов работи под екстремен притисок“, рече Песков, коментирајќи ја ситуацијата околу гасоводот Турски тек, пренесува Спутник.

Тој исто така рече дека „киевскиот режим постојано напаѓал“ делови од гасоводите Турски тек и Син тек, нагласувајќи дека ситуацијата е исклучително опасна.

„Ситуацијата е потенцијално многу опасна. Знаеме дека инфраструктурата, различните делови од инфраструктурата и на Турски тек и на Син тек, постојано се напаѓани од киевскиот режим“, рече Песков, коментирајќи ја ситуацијата во врска со гасоводот.

Тој додаде дека Русија презема мерки за да ја осигури безбедноста на инфраструктурата на гасоводите Турски тек и Син тек.

„Руската Федерација презема потребни мерки за да ја осигури безбедноста на инфраструктурата“, рече портпаролот на рускиот претседател.

Во општина Кањижи во неделата, во непосредна близина на гасоводот е пронајдена голема количина експлозивни средства, како и предмети и алатки потребни за нивна подготовка и употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ