недела, 15 март 2026

Кремљ „жали“ за суспензијата на Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција Интерфакс пренесе дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека жали за одлуката на Германија.

Песков рекол дека Кремљ се надева дека одложувањето на Северен тек 2 е привремено.

По признавањето од страна на Владимир Путин на двата региони под контрола на бунтовниците во источна Украина, Германија потврди дека ќе го запре процесот на сертификација за нејзиниот спорен гасовод Северен тек 2.

Гасоводот би требало директно да испорачува поевтин гас од Москва до Германија.

Германија беше под огромен притисок од САД и други земји од ЕУ да го направи овој потег, вели Би-би-си.

Но единството меѓу западните сојузници ќе биде ставено на тест кога ќе загризат санкциите и контрасанкциите, вели британскиот јавен сервис. Некои земји ќе бидат многу повеќе погодени од другите.

Германската федерација на индустрии, БДИ, предупреди дека зголемените цени на енергијата може да претставуваат „егзистенцијална закана“ за германските бизниси.

Австрија и Италија, исто така, изразија резервираност во врска со евентуалниот иден пакет санкции со кој се заканува ЕУ, а кои би можеле да бидат многу поголеми доколку Путин преземе дополнителни дејствија во Украина.

Дипломатите приватно како можна пречка ја посочуваат Унгарија поради блиските врски на премиерот Виктор Орбан со Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ