Руската делегација на преговорите, како до сега, ќе ја предводи советникот на претседателот на Руската Федерација Владимир Медински.
Тоа ќе биде четврта рунда на преговорите за прекин на руската инвазија на Украина.
Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак кажа дека преговори има нон-стоп во формат на видео-конференции.
„Работните групи постојано работат. Големиот број прашања бараат постојано внимание. Во понеделник, 14 март, ќе биде одржана преговарачка седница на која ќе се сумираат прелиминарните резултати“, напиша Подољак на Твитер.






