недела, 29 март 2026

Кремљ: Украина го предложи Гомел како место за разговори со Русија

Објавено на

часот

Сподели

Украинската страна го избра Гомел, град во Белорусија, како место за разговори со Русија, изјави утрово за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.

„Градот Гомел беше предложен од самата украинска страна како место за разговори. Како што рековме, руската делегација е подготвена за овие разговори“, рече Песков.

Русија нема да ја прекине воената операција во Украина за време на разговорите со украинската страна, рече Песков.

„Од наша страна ја предупредивме украинската страна дека овој пат дејствијата од воената операција нема да бидат суспендирани – како што беше направено вчера“, рече тој.

Песков во саботата рече дека во петокот попладне поради очекуваните разговори со Киев, рускиот претседател Владимир Путин дал наредба да се запре движењето на главните руски воени сили во Украина, иако другата страна се откажа од дијалогот на 26 февруари попладнето. Движењето продолжи во согласност со планираната операција.

Претходно во неделата портпаролот на Кремљ изјави дека руската делегација пристигнала во Белорусија на разговори со украинската страна како што е договорено. Делегацијата ја сочинуваат претставници на руското Министерство за надворешни работи, Министерството за одбрана и други руски ресори, вклучително и администрацијата на претседателот, на чело со помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.

Претходно, кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски соопшти дека тој може да разговара за неутралниот статус на Украина, како и за пакет гаранции за нејзината безбедност.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на 26 февруари објави дека Минск е подготвен да обезбеди место за одржување на преговорите. Доцна во саботата, Зеленски рече дека предлогот за организирање разговори бил изнесен од претседателите на Турција и Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илхам Алиев.

Путин утрово накратко се појави на руската телевизија и првпат од петокот ја коментираше инвазијата на Украина.

Тој ја нарече инвазијата специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас и го поздрави херојството на руските специјални сили што се борат во Украина.

„Посебна почит им оддавам на оние што херојски ја извршија својата воена должност овие денови за време на специјалната операција за давање помош на Народна Република Донбас“, изјави Путин, пренесе Интерфакс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ