недела, 15 март 2026

Кремљ: Ситуацијата ескалира

Објавено на

часот

Сподели

Сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, ја обвинија украинската влада за четири напади со тешко оружје во последните 24 часа. Украинските власти тврдат дека нивната војска била нападната, а не обратно. Тие велат дека сепаратистите гранатирале градинка, при што немало жртви.

Песков рече дека Путин сѐ уште не одговорил на барањето на руската Дума за признавање на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск, два отцепени региони во источна Украина. Думата во вторникот го повика Путин да ги признае како независни.

Песков, исто така, го обвини НАТО дека спроведува „нескриена информативна агресија против Русија“. Тој рече дека руското Министерство за надворешни работи го подготвува својот одговор кон Западот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оваа недела изјави дека Москва допрва треба да одговори на западните писмени предлози поднесени минатиот месец како одговор на претходните барања на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ