„Би сакала да прашам можат ли американските и британските извори на дезинформации да го објават распоредот на нашите претстојни инвазии за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот“, напиша на социјалните мрежи портпаролката на рускиот министер за надворешни работи, Марија Захарова.
„Ноќта помина како и обично. Спиевме мирно. Утрово го почнавме денот мирно и професионално“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков синоќа исто така ги исмеваше наводите на некои западни медиуми дека нападот може да се случи во 3 часот наутро на 16 февруари.
„Украинците што веруваат во такви работи слободно нека да останат будни. Подобро е да си го наместат алармот и сами да се уверат“, рече Песков веднаш по полноќ.
Информациите дека Русија ќе ја нападне Украина во 3 часот по полноќ ги објавија некои странски медиуми, претежно таблоиди.






