петок, 2 јануари 2026

Кремљ се обидува да го скрие бројот на загинатите руски војници

Објавено на

часот

Сподели

Во Русија, воените жртви се сметаат за државна тајна дури и во време на мир, а официјалните податоци за жртвите во Украина не се ажурирани речиси четири недели.

Во предлогот, Министерството за одбрана бара надоместоците што им се исплаќаат на семејствата на загинатите војници повеќе да не бидат во надлежност на државните службеници, туку со тоа да се занимаваат регрутните центри. Целта на оваа мерка е „да се ограничи бројот на луѓето што имаат пристап до информации за членовите на семејствата на припадниците на руските вооружени сили што загинале за време на специјалната воена операција во Украина“, се наведува во предлогот.

Документот е објавен на владината веб-страница за правни информации, а Ројтерс наведува дека не е јасно кога владата ќе го разгледа.

Предлогот е испратен откако неколку члена на семејствата на припадниците на потонатиот крстосувач „Москва“ за медиумите рекоа дека нивните синови и браќа се водат како исчезнати.

Министерството за одбрана соопшти дека екипажот на Москва е евакуиран, но не даде прецизни податоци.

Русија минатата недела соопшти дека „Москва“ потонала по експлозија на муниција. Украина тврди дека со проектил го погодила крстосувачот, кој е симбол на руската Црноморска флота.

Министерството на 25 март соопшти дека 1.351 руски војник биле убиени, а 2.825 биле ранети откако на 24 февруари Москва ја почна војната, која ја нарекува специјална воена операција во Украина.

Бројот на воените жртви оттогаш не е ажуриран, но Кремљ постојано споменува „значителни загуби“.

Украинската и западните влади велат дека веруваат дека бројот на руските жртви е многукратно поголем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ