недела, 21 декември 2025

Кремљ реагираше на потегот на Финска: „Ова е закана за Русија“

Објавено на

часот

Сподели

Финска денеска одлучи да аплицира за членство во НАТО, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека влезот на Финска во НАТО ќе оди брзо.

Кремљ вели дека Русија е „подготвена одлучно да одговори на секоја страна која ќе се обиде да се вклучи во конфликтот со Украина и да ја спречи специјалната воена операција“, како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина.

Портпаролот на Владимир Путин Дмитриј Песков рече дека „сите сакаат да избегнат директен конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Тој додаде дека денешниот потег на Финска е „за жалење“ и „дефинитивно закана за Русија“ и „причина за симетричен одговор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ