недела, 29 март 2026

Кремљ: Путин ќе каже кога ќе заврши офанзивата

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин ги постави целите за воениот напад на земјата против Украина и тој ќе одлучи кога операцијата ќе заврши „врз основа на резултатите и целисходноста“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Операцијата „има свои цели и тие треба да се постигнат“, рече функционерот, на прашањето од новинарите кога ќе заврши офанзивата.

Во своето обраќање утрово Путин рече дека им наредил на руските трупи да ја нападнат Украина за да ја демилитаризираат и, како што рече, да ја „денацизираат“ земјата. Тој тврдеше дека националната безбедност на Русија била загрозена од навлегувањето на НАТО во Украина.

Русија е решена да го „неутрализира (украинскиот) воен потенцијал, кој беше значително зголемен во последно време, вклучително и со активна помош на странски држави“, рече Песков.

Тој додаде дека „идеално“ Украина треба да се „исчисти од неонацистичката идеологија“.

Песков ја отфрли идејата дека Русија е во процес на окупација на Украина, велејќи дека руската операција има ограничени цели за заштита на Русија и сепаратистичките региони. Тој рече дека иднината на Украина ќе ја одреди украинскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ