недела, 15 март 2026

Кремљ: Путин ќе ги признае Доњецк и Луганск како независни од Украина

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено денеска Кремљ откри дека Путин ги известил францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц дека има намера „во блиска иднина“ да потпише декрет за признавање на двата сепаратистички региони Донбас.

Рускиот претседател наскоро треба да има телевизиско обраќање и се очекува да зборува за признавањето на сепаратистичките „народни републики“ Доњецк и Луганск.

Бунтовниците поддржани од Русија во тие области, лоцирани во источниот украински регион Донбас, се борат против украинската војска од 2014 година, но Москва досега официјално не ги признаваше нивните самопрогласени републики.

Украина и Западот стравуваат дека ако тоа се случи, тоа би можело да ја наведе Москва отворено да испрати воени сили во областа.

Денис Пушилин, шеф на Народната република Доњецк и Леонид Пашечник, лидер на Луганската Народна Република, денеска апелираа до Путин да ги признае нивните региони.

Највисоките функционери, вклучително и Сергеј Наришкин, шефот на надворешното разузнавање и министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев, рекоа дека Русија треба да го стори тоа.

Според договорот потпишан во Минск и вториот последователен текст во 2015 година, од Украина се бараше да ја децентрализира својата влада и да им даде посебен статус на Доњецк и Луганск, но Киев не го спроведе овој дел од договорот.

Аналитичарите велат дека доколку двата региони се признаат како независни, Русија би можела да испрати војници на истокот на Украина под превезот на заштита на своите граѓани, вели Би-би-си.

Русија распореди повеќе од 150.000 војници на границите на Украина, потег што западните земји нашироко го сметаат за подготовка за неизбежна инвазија. Русија негира какви било такви планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ