„Ситуацијата е премногу комплексна за да се очекуваат одлучувачки пробиви по само една средба“, кажа портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој сепак додаде дека Макрон му кажал на Путин дека „доаѓа со идеи во потрага по смирување на ситуацијата“.
Макрон денес попладне во Москва се сретнува со Путин, а утре во Киев со украинскиот колега Володимир Зеленски во рамки на дипломатските напори за смирување на тензиите.






