„Главната цел е ослободување на Украина од националистичките баталјони. Операцијата продолжува, поставените задачи се добро познати. Мора да бидат спроведени и ќе бидат спроведени, во тоа нема сомнеж“, кажа Песков.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин кажа дека „мирниот живот се воспоставува во подрачјата во кои милитантите не земаат цивили за заложници и не пукаат во куќите“.
„А што се однесува до местата на кои националистичките баталјони прават такви нешта, се водат жестоки борби. Тие ќе бидат уништени“, кажа Песков.
Ова е првпат Кремљ да објави дека главната цел на војната во Украина е „уништување на националистичките баталјони“. Кога рускиот претседател Владимир Путин го нареди почнувањето на операцијата, кажа дека главните цели се „демилитаризација и денацификација на Украина“, а потоа дека главната цел на војната е „ослободување на Донбас“, источниот дел на Украина во кој се наоѓаат двата бунтовни регион Доњецк и Луганск.






