Кремљ денеска соопшти дека руската економија доживува шок и дека се преземаат мерки за да се ублажи влијанието на, како што ја опиша, економската војна „апсолутно без преседан“ што се води против Москва.
Песков ги припиша високите стапки на инфлација на „шокантните надворешни влијанија“ врз руската економија. Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Европската Унија воведоа санкции против Русија, меѓу другото, поради инвазијата на Украина.
Ситуацијата ја оцени како турбулентна, но рече дека веќе се преземаат мерки за нејзино смирување и стабилизирање.
„Негативните последици постојат, тие ќе бидат сведени на минимум. Моментално ситуацијата е турбулентна“, рече тој.
Песков додаде дека „веќе се спроведуваат мерки за смирување на ситуацијата“, но дека Русија треба „да дејствува за да ги намали последиците и понатамошните ризици“.






