среда, 1 април 2026

Кремљ: Нападот во Белгород не создава убави услови за продолжување на преговорите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Гладков рече дека терминалот бил погоден од страна на „два украински воени хеликоптери што влегоа на територијата на Русија додека летаа на мала височина“. Точните детали за инцидентот допрва треба да се разјаснат.

Гувернерот рече дека двајца работници добиле повреди, кои не се опасни по живот. Властите почнале да ги евакуираат луѓето од околните области.

На видеата од местото на настанот се гледа како голем пожар го зафатил објектот.

Гувернерот оцени дека ситуацијата со снабдувањето со гориво е „стабилна“, и додаде дека „нема да има недостиг од гориво“.

Министерот за енергетика Николај Шулгинов рече дека пожарот нема да предизвика недостиг или зголемување на цените, додавајќи дека доколку е потребно, бензинските пумпи во Белгород ќе добијат гориво од други региони.

Кремљ се огласи за нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород велејќи дека нападот не создава убави услови за продолжување на мировните преговори, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ Песков исто така изјави дека Путин бил информиран за нападот.

Службите за итни случаи процениле дека постои ризик пожарот да се прошири на другите складишта за нафта, јави РИА Новости, како и дека не е забележано зголемување на отровните гасови во воздухот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ