Песков за Ројтерс изјави дека Москва му порачала на Киев дека веднаш ќе ја прекине инвазијата доколку се исполнат споменатите услови.
Тоа е досега најјасната изјава на Русија за тоа што сака да ѝ наметне на Украина за да ја запре инвазијата, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“.
Песков вели дека Украина знае за овие услови и „дека им е кажано дека ова може во момент да се прекине“.
Што се однесува до неутралноста, Песков рече дека Русија бара уставни амандмани со кои „Украина ќе ги отфрли целите за приклучување кон кој било блок“.
„Тоа е можно да се направи само со промена на уставот“, рече тој.
Портпаролот на Кремљ вели дека Русија не е заинтересирана за дополнителна украинска територија.
„Ние навистина ја завршуваме демилитаризацијата на Украина. Ќе ја завршиме. Но, главно е Украина да го прекине своето воено делување. Треба да го прекинат своето воено делување и тогаш никој нема да пука“, рече тој.
„Зборувавме и за тоа како треба да признаат дека Крим е руска територија и дека мора да признаат дека Доњецк и Луганск се независни држави. И тоа е тоа. Ќе престане за момент“, изјави Песков за Ројтерс.






