понеделник, 22 декември 2025

Косовскиот парламент одби да го потврди Курти за премиер

Косовскиот парламент денес одби да го потврди актуелниот претседател на владата Аљбин Курти за премиер, отворајќи ја можноста за предвремени избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Курти, лидер на партијата Самоопределување (Ветевендосје) и актуелен вршител на должноста премиер, доби само 56 од вкупно 120 гласови во парламентот. Опозициските партии Демократска партија на Косово (ПДК), Демократска лига на Косово (ЛДК) и Алијанса за иднината на Косово (ААК) гласаа против неговата кандидатура.

Сè уште не е познато дали претседателот ќе побара од второпласираната или третопласираната партија да се обиде да формира влада. Двете политички групации веруваат дека треба да се распишат нови избори, објави Ројтерс.

Опозицијата одбива да владее со Курти, критикувајќи го поради неговото справување со односите со западните сојузници и неговите постапки во етнички поделениот северен дел на земјата, каде што живее српското малцинство.

Курти дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од неговата партија освои повеќе од 50 проценти од гласовите и обезбеди мнозинство од седум места во парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ