петок, 12 декември 2025

Косово и Албанија склучија договор, прават нова „административна целина“

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Коха диторе, територијалната административна единица ќе биде 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово.

Резиденцијалните центри во пограничната област се дефинирани со протоколот за имплементација на тој договор, кој го потпишаа владите на Косово и Албанија на 26 ноември минатата година. За да се олесни сообраќајот ќе бидат отворени осум нови премини.

Во извештајот на албанската влада до тамошниот парламент се наведува дека договорот со цел олеснување на локалниот пограничен сообраќај е направен во рамки на заедничките обврски на двете влади, за да се поедностават процедурите и мерките во врска со режимот на локалниот пограничен сообраќај и дозволата за оваа намена долж границата.

На жителите на пограничната област ќе им биде дозволено преминување на копнената граница според режимот на локалниот пограничен сообраќај, под услов да поседуваат важечки документ за идентификација, да поседуваат дозвола за локален пограничен сообраќај, не подлежат на мерки за забрана на влегување на територијата на потписничките или не претставуваат закана по јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи.

„Има околу 300.000 жители кои ќе имаат директна корист од овие олеснувања. Тоа значи дека можат слободно да посетуваат училиште од основно до средно, во зависност од локацијата на образовната институција од двете страни на границата. Тие можат да одат на работа на двете страни на границата, без потреба од каков било документ или дозвола, значи целосно слободен промет“, кажа министерот за внатрешни работи на Албанија Бледи Чучи.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечија оцени дека договорот ќе им даде нов поттик на стопанството и локалните пазари.

„Демаркацијата на границата безмилосно подели семејства, роднини, општества и културни простори кои со векови живееле заедно. Жителите ќе можат слободно да се движат со посебна дозвола долж целата гранична линија меѓу двете земји во внатрешноста до 30 километри од секоја страна. Ќе се развиваат стопанството и локалните пазари, како и услугите меѓу двете земји“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ